вторник, 16 септември 2008

Autocad на Edubuntu

Денес во школо ме викна професорот по техничко и ми вика „Ај кога ќе имаш време да инсталираме Autocad на Ubuntu“. Отидов во училната каде што требаше да се инсталира и го запалив куќиштето, но немаше тастатура и глувче. Отиде професорот да земе, и кога ги вклучивме му беше чудно што проработеа без потреба од рестарт. Се логирав и се појави стандарден едубунту 7.04 десктоп, со детска тема. Иако малку стар, 7.04 е супер за оваков проект бидејќи е многу стабилен и сигурен.

Она што ме зачуди дека немаше ни една програма за едукација, знам дека уште не се готови преводите, но зошто не ги ставиле програмите на англиски на дискот кога превод лесно се додава.

Откако го вклучив компјутерот видов дека нема wine, па требаше да симнам и инсталирам од интернет, што беше проблем бидејќи на главниот рутер не беа подесени DNS серверите, а немав лозинка од него, кога ќе добијам пристап ќе ставам OpenDNS и ќе блокирам некои сајтови кои ќе ја нарушуваат продуктивноста на часот :).

Бидејќи немаше интернет го симнав wine пакетот за feisty од ubuntu pakages на друг компјутер и преку усб стик го инсталирав. Се си помина во најдобар ред и за 5 минути имав Autocad на Edubuntu. Без додатните терминали и со Autocad стартуван беа искористени само 200 мб од рамот, што е доста добро ако се знае дека на 7 корисници има 2 гб.

Сега ми останува само да направам пакет (обичен tar.gz) за инсталација на Autocad на системско ниво . бидејќи многу долго ќе биде за секој корисник посебно да инсталирам во ~/.wine .

3 коментари:

Анонимен рече...

Прекрасно брат :)

Анонимен рече...

користам windows xp оперативен систем, а сакам да се префрлам на ubuntu, дали има добри cad и 3d програми за него? и кои?
фала

Анонимен рече...

хахахахахаха....
Знам дека е од постар постов, ама брат што кога ке добиеш лозинка на рутерот (ако сакаш има такви клучови многу од кутиите каде што се рутерите и свичовите само отвори рестартирај и не се замари), проблемот е во тоа што DNS-то не е од нас, туку од скопје и тие имаат направено некој филтер така што твојата идеа пропага...

-За тоа со AutoCAD ај ти се молам кажи која верзија ја инсталира???
-И што си се мачел кога знаеш дека ке го сменат софтверот... ама ај нема врска уживи (како на друг начин ке се ослободиме од час нели? :D )...

- А за тоа дали има добри cad програми, не сум сретнал, во споредба со AutoCAD, може да пробаш со QCad за ubuntu...