недела, 19 октомври 2008

Новите состојби во ОСУ „Мирко Милески“


Според извори од професори и вработени во единствената гимназија во Кичево - ОСУ „Мирко Милески, којашто воедно е и најголем училишен центар во цела Македонија, со околу 2000 ученици од распоредени во 2 смени и во посебни класови (Македонски и Албански), како и според некоја наводна информација на директорот Вукашин во македонските медиуми, добив информации дека во нашето средно училиште нема да бидат приклучени и користени компјутерите во текот на целата школска година поради старата инсталација во училишите простори.
Мене лично (а верувам и другите) ме интересира, на што воопшто мислела школската администрација кога ги поставувале компјутерите во училниците. Единствена „корист“ од нив сега е тоа што е полесно за да се прави разговор за време на часови.
Додаток: Читам на блогот на Кирил Димески дека „ги тргнале мониторите некаде настрана“ во некој магацин во средното медицинско училиште во Велес, според негова другарка.

4 коментари:

игор рече...

Ако за момент ги занемариме новите неупотребени компјутери, не ми се верува на што личат клупите на кои што учат овие ученици.

За почеток им недостасува чиста, рамна и светла површина. Овие клупи се најмалку тоа.

Градоначалниците на општините и директорите на училиштата треба да се засрамат, да ги засукаат ракавите и да работат.

Да престанат да кукаат и да ја префрлаат одговорноста на друг.

Анонимен рече...

Сликава напраи ршум на планета, намалете ја.

Анонимен рече...

Ете, намалена е :)

Анонимен рече...

Vo Veles samo vo tehnickoto uciliste rabotat kompjuterite, vo gimnazijata, i vo medicinskoto poradi stara instalcija (najverojatno toa e...) gi trgnaa...